Соопштение:
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Општина Другово, на ден 16.11.2011 година, донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.
• За планскиот документ Урбанистички план за село Другово Блок 3А - Општина Другово, измени и дополнувања за плански период 2011 - 2021 год. кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
• Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на нашата веб страна.
Превземи:
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
SEA Формулар за Блок 3А
Согласно член 65 став 10 од Законот за изменување и дополнување на законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 51) Општина Другово е должна горенаведените акти да ги објави на својата веб страна.
Јавноста има право на жалба, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Другово, до Министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за работите од областа на животната средина.
