Култура
Во Другово се води посебна грижа за сите верски објекти и културно-историски споменици со што се чуваат традиционално-културните наследства и преданија. На територија на Општина Другово се наоѓаат значајни културно-историски споменици од кои позначајни се: Првото училиште на Македонски јазик во с. Подвис, споменикот на местото на загинувањето на големиот револуционер и поет Кочо Рацин на планината Лопушник, споменици на револуционерите од Илинденското востание Христо Узунов во с. Цер, Јордан Пиперката во с. Козица и многу други.
На овој простор во Општина Другово се наоѓа и еден од најмаркантните христијански просветно-културни светилишта во Западна Македонија, Манастирот Св. Богородица Пречиста кој претставува колепка на писменоста и книжевноста. Отворајќи ги портите и за христијаните и за муслиманите Св. Пречиста представува заштитник на мајчинството и на животот.