Главно Мени


За Општината


Профил

Општина Другово е најубавото и најпривлечно место за живеење кое се наоѓа во западниот дел на Република Македонија.

Лоцирано е во сливното подрачје на реката Треска под прекрасните падини на Бистра планина. На запад се граничи со планината Стогово, на север со планината Бистра, на југ со Илинска планина, на исток со Бушова планина, а на северо-исток со рамништето Кичевско поле.

Територијата на Општина Другово опфаќа 383 km2 со 28 населени места од кои седиште на општината е населено место Другово. Од вкупно 3420 жители најголем број се македонци, а застапени се мал број на Турци и Албанци.

Општина Другово за прв пат беше формирана со Законот за Територијална поделба на Р. Македонија Сл. Весник 49 од 1996 год., како најголема општина во Кичевската котлина.

Како резултат на географската положба, и на климатските, геоморфолошките, педолошките и други особености, растителниот и животинскиот свет се карактеристични со голема разнообразност од флора и фауна. Од вкупната површина 2524 ha припаѓаат на шуми кои представуваат голем потенцијал за развој на општината, затоа што овој крај е познат и со споредни шумски производи и со лековити растенија. На обработливо земјиште одпаѓаат 3353 ha од вкупната површина, а главни препознатливи култури се: пченка, компир и пченица. Покрај тоа во општината постојат и идеални услови за органско производство, производство на здрава храна, како мед и пчелни производи.

Општина Другово, како резултат на издолжениот облик се граничи со повеќе општини: Кичево, Зајас, Вранештица, Пласница, Крушево, Демир Хисар, Дебарца, Дебар, Маврово-Ростуше , додека на тесен дел се граничи и со општината Центар Жупа. Во рамките на општината се наоѓаат 29 населени места со Другово како седиште. Другите се: Србјани, Брждани, Видрани, Пополжани, Долни Добреноец, Горни Добреноец, Подвис, Јудово, Лавчани, Малкоец, Кленоец, Попоец, Извор, Горна Душегубица, Долна Душегубица, Иванчишта, Ехловец, Манастирско Доленци, Јаворец, Свињишта , Козица, Белица, Прострање, Мало Црско, Големо Црско, Цер и Кладник.

Информации