Ресурси
Општината е богата со разновидни руди, а располага и со голем хидропотенцијал. Тука се реките Треска, Студенчица, Беличка река. Од реката Студенчица преку хидросистемот за водоснабдување ,,Студенчица’’, со квалитетна вода за пиење се снабдуваат 5 општини и голем број населени места.
Општина Другово привлекува внимание и со големиот број откриени археолошки локалитети кои представуваат значаен туристички потенцијал кој во иднина треба да биде активиран.
Затоа, за да постигне успешен стопански развој, како и културно-историски и инфраструктурен развој потребно е да се искористи природниот благодет, односно водите, шумските, рудните и енергетските потенцијали. Обичаите и традициите, ловот и риболовот се основа за алтернативен туризам кој се промовира како една од приоритетните гранки за идниот развој на Општина Другово.
